d

The Point Newsletter

Sed ut perspiciatis unde omnis iste natus error.

Follow Point

Begin typing your search above and press return to search. Press Esc to cancel.
Jas mislam vaka Ivona Markovska

Никој не смее да биде исмејуван и угнетуван

Ивона Марковска, СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“ – Битола

Живееме во општество и култура каде секој носи по илјадници маски на лицето, секој поединец го има изгубено своето вистинско битие, како последица од тоа да биде совршен. Средината која не опкружува од секој од нас создава понекој монструм кој уништува нечии соништа. Децата во училиште не одат со насмевка, средношколците не излегуваат од дома со сјај во очите, бидејќи се плашат што ќе им кажат денес. Дали ќе ги наречат неписмени поради лоши оценки  или пак другарчињата ќе ги исмеваат и одбегнуваат зошто се различни ? Или поради поголема килажа, можеби и помала? Секојдневно секој од нив ќе се збогатува со уште по едно име од оние „најпаметните“ во околината?

Совршенство постои, а тоа си токму ти. Во никој случај не смееме да дозволиме да бидеме угнетени, да го загубиме она што не прави посебни, бидејќи ако нешто што човек поседува и е вредно, во вистинска смисла на зборот, тоа е неговото вистинско битие. Тоа битие ги вклучува сите предности, недостатоци, маани, доблести.

Ниту еден родител, исто така и ниту едно дете не сака да биде исмеано, да биде дискриминирано. Мислите дека тие секојдневни навреди не oставаат вечен белег врз детето?  Токму во годините кога тоа се гради како личност, врсниците кои себеси се сметаат за „подобри“, му го уништиле секој сон, cекоја желба, можеби и сите желби за да биде успешен. Знаете оние кои учат се бубалици…

Доколку јас со моите 15 години можам ова да го гледам и да сакам да го променам, зошто вие не би сакале?

Ајде да започнеме уште сега!