Активирај се | Создадено од вас |

Описменете нѐ, на протест можеме и сами

feat-img

Живееме во хаос. Протестите се неделив дел од човечката природа, како порано така и денес. Луѓето од сите возрасти го изразуваат својот неспокој поради незадоволство од секаков вид. Но да зборуваме за специфична група на ученици од основниот и од средношколскиот круг.

Во време на големи недоразбирања тие се главна мета која се користи за добивање широка маса на протести и пополнување на празните места, иако некои од нив одат по своја волја. Но што се случува со оние просветни лица чија должност е да ги образоваат, а масовно или затскриено, криејќи се зад нивните функции во една образовна институција, повикуваат на протест? Без разлика дали сакаат да добијат политички поени од која било страна или да ги избегнат одговорностите, злоупотребувајќи ја присутноста на учениците и студентите во истата институција. Сето тоа се случува пребрзо и сѐ почесто.

Без глобализирање и без ставање акцент на одредени лица, сепак, се работи и за директори кои водат образовни институции, а една од причините што истите повикуваат на протест е нивната корумпираност. Го прават обратното од нивната функција, бидејќи во нивната надлежност не стои дека се должни да повикуваат, да мотивираат за протест и општествено незадоволство.

Доколку учениците се свесни и искажуваат исто незадоволство, но со друга причина – која води од самите нив, оправдано. Но сосема е погрешно просветните лица и директорите на институциите да се борат за учениците да губат од своето време што треба да биде потрошено на едукација. Да се борат за да излезат на протест.

Треба да се издигне свеста на учениците, нивното постоење и присуството да не биде злоупотребено за пополнување на масата на каков било протест. Се работи за достоинство и за своја волја. Доколку ученикот смета дека треба да го направи тоа, тоа е сосема в ред. Но неотповикливо, сосема погрешно е оние на кои им е функција да седат на катедра и да ги описменуваат идните генерации и столбови на ова општество да бидат заинтересирани за присуство на учениците на протест од каков било калибар. Погрешно е, општеството треба да го разбере тоа.

Јован Илиоски, СОУГ „Кирил Пејчиновиќ“, Тетово