Активирај се | Создадено од вас |

Преку читање до развивање имагинација

feat-img

Ана Ѓорѓиева, III-3, СУГС „Георги Димитров“

Единствената гаранција за креативно утре ни е имагинацијата. За жал многу од родителите го забораваат тоа и им ја намалуваат имагинацијата на децата бидејќи со помош на интернетот се им е дадено без можност за нивна експериментација. Исто така во денешно време и ние, самите средношколци, не си го приредуваме тоа уживање да се замислиме во ликот на книгата која ни била дадена за читање на училиште или да си ја читаме во слободно време.

Кога веќе стануваш тинејџер ти не се замислуваш во улогата на ликот туку се соживуваат со него, потоа кога ќе ја завршат книгата со читање се чувствуваат како да излегле од некое маѓепсано место и дека се ослободиле од магијата на книгата. Ако згасне читањето на книгите, нема да знаеме што некој друг мисли, се ќе мислиме дека ние сме во право, ќе се намали границата на креативноста во нашите глави, што треба да се смени во мислењето на другиот, како да го смениме светот, како да го победиме некого со зборување, да се почувствува читањето на книги во нашите мисли.

Мислам дека секој човек што има развиена имагинација и премногу прочитани книги е најбогатиот човек и никој не може да го победи духовно. Без разлика на возраста, додека се чита книга, се вдлабочуваме до тоа ниво што нашата имагинација ни дозволува да се чувствуваме дека некои работи се живи и се случуваат до нас, ниво на уживање, ослободување од секој вид на стрес, заборавање на денешниот, вчерашниот или утрешниот ден.

Ние, самите, не смееме да дозволиме да бидеме лишени од имагинарниот свет бидејќи тоа е единствениот начин да не си поставуваме граници за некои работи и да уживаме во светот во кој сакаме да бидеме.