d

The Point Newsletter

Sed ut perspiciatis unde omnis iste natus error.

Follow Point

Begin typing your search above and press return to search. Press Esc to cancel.

Што е нормално?

Елена Савеска, ОСЕУ „8-ми Септември “, Тетово

Доколку имате две кутии пред вас во едната кутија да ги ставите сите работи кои се нормални а во другата сите работи кои не се нормални колку работи ќе има во кутијата за нормални работи во споредба со ненормалните?

Да се насмеете кога сте сами, да облечете нешто што е поразлично од тоа што другите го носат, да имате поразличен став од мислењето на мнозинството, девојче да има кратка коса, машко да има долга коса, машкото да ја сака розевата боја, девојчето да си игра со коли, машкото да облекува  фустани и што уште не… сето ова не е нормално така?

Бидејќи до сега се што е поразлично не е нормално, или се она што е спротивно на таа рамка или тој калап на нормалност. Всушност тоа се наочари кои им биле ставени на очите уште кога биле мали за да го осудуваат и мразат се она што е поразлично од тоа што им било кажано дека е нормално. Па така цело општество со тие наочари се шетаат и им штетат на оние кои ги тргнале наочарите и прогледале со свои очи.

Јас уште од мали нозе се запознав со зборот НЕНОРМАЛНО баш поради тоа што бев поразлична од другите или поразлична од сфаќањата и “правилата” за тоа како треба да изгледа  едно девојче, што тоа треба да прави и со што да си игра. Тој зборот беше грд и го сфаќав како нешто погрешно кое треба да се поправи за да биде нормално како сите останати или барем оние што се сметаа за доволно компетентни за да кажуваат што не е нормално. Но и со таа намера се употребува, да го навреди другиот, да ја стутка неговата оригиналност, да го скроти неговиот дух. Понекогаш беа доволни само очите вперени и веднаш се чувствувате како да не сте од тука, како вонземјанин.  Со текот на времето почнав да го изедначувам зборот НЕНОРМАЛНО со РАЗЛИЧНО за да на крај добијам УНИКАТНО. НЕНОРМАЛНО=УНИКАТНО. Сега можам да кажам дека е прекрасно чувството да се биде уникатен.

Зошто воопшто имаме мерила за луѓето кога секој е различен, секој е посебна единка, секој е таков како што е не за да ги задоволува туѓите претпоставки и критериуми за тоа како треба да изгледа еден човек туку за да биде тоа што е. Биолошките карактеристики односно полот не треба да определува што еден човек треба да носи, како да изгледа, што треба да прави и како треба да живее.