d

The Point Newsletter

Sed ut perspiciatis unde omnis iste natus error.

Follow Point

Begin typing your search above and press return to search. Press Esc to cancel.
Nikolija Pehcevska

Што ко­га си млад, но со страв?

Ни­ко­ли­ја Пех­чев­ска, СУГС „Ор­це Ни­ко­лов“, Скоп­је

Но­ем­ври е, по­не­ко­гаш лад­но, по­не­ко­гаш топ­ло, праз­но е. Ми­ри­са на гри­жи, бес­со­ни­ца и не­до­стиг од вос­хит. По­сто­ја­но ча­ди од си­те стра­ни, а по­ло­ви­на дрв­ја оста­наа го­ли, сон­че­ви­от зрак ни е ска­по­цен, за­тоа што ре­тко кој мо­же да го про­нај­де, те­шко му е да се про­бие низ маг­ла­та, а лу­ѓе­то од­би­ва­ат да му по­мог­нат.

На гра­дот му фа­лат бои, ре­чи­си е без­жи­во­тен, на мно­гу­ми­на им е здо­де­вен, но и по­крај сè ста­ну­ва­ме, се до­те­ру­ва­ме, се дви­жи­ме, во­ди­ме праз­ни му­а­бе­ти и че­сто за­бо­ра­ва­ме да ги до­вр­ши­ме. Са­ка­ме ме­ха­нич­ки, ре­чи­си без тро­шка љу­бов во нас, се пла­ши­ме од стра­ста, од но­ви­те зна­е­ња, од пре­диз­ви­ци­те и се чув­ству­ва­ме без­бед­но жи­ве­еј­ќи во ла­га, ба­ра­ме на­чи­ни да пре­жи­ве­е­ме, а ре­тко кој од нас умее да жи­вее. По­ве­ќе­то жи­во­ти се ед­но­лич­ни, не­кои има­ат мно­гу, а не­кои не­ма­ат во­оп­што ни­што, но не­ма­шти­ја­та знае да се ме­ри на не­кол­ку на­чи­ни, мно­гу­ми­на не­ма­ат при­чи­на за уште, но тоа оче­ку­вам да се сме­ни.

Ва­кви­от жи­вот е не­зас­лу­же­на каз­на на мла­ди­те, нам ни е по­треб­но да со­ну­ва­ме, да чи­та­ме, истра­жу­ва­ме и да го осоз­на­ва­ме све­тот над­вор од гра­ни­ци­те на учи­лиш­на­та клу­па. По­треб­но ни е да ги по­чув­ству­ва­ме раз­лич­но­сти­те за да ги це­ни­ме, за­што са­мо та­ка за­ед­но ќе жи­ве­е­ме. По­треб­но ни е да зна­е­ме што ѝ се слу­чу­ва на при­ро­да­та за да нај­де­ме на­чи­ни ка­ко да ја за­чу­ва­ме и не­гу­ва­ме, по­треб­но е да зна­е­ме со кои проб­ле­ми се со­о­чу­ва врс­ни­кот во Па­ле­сти­на, Аме­ри­ка, од со­сед­ни­те др­жа­ви, од Ру­си­ја, Ки­на, за да сфа­ти­ме де­ка си­те вре­ди­ме исто, си тре­ба­ме ед­ни на дру­ги и да ста­ви­ме крај на си­те овие вој­ни, да раз­мис­лу­ва­ме кри­тич­ки, да гра­ди­ме ка­ра­кте­ри и да дејс­тву­ва­ме кре­а­тив­но, со сопс­тве­на свест, би­деј­ќи са­мо та­ка се над­ми­ну­ва вр­вот.

И впро­чем не са­мо на гра­дот, ту­ку на це­ла­та пла­не­та ѝ се по­треб­ни хе­рои, бун­тов­ни­ци – под­го­тве­ни да скок­нат во не­поз­на­ти во­ди, а има­ме по­тре­ба и од во­да, за­што ули­ци­те се не­чи­сти, иа­ко са­мо не­ко­му тоа знае да му пре­чи. Мо­же­би еден ден ќе на­дој­де си­лен дожд и ќе од­не­се сè, мо­же­би та­ка ќе би­де­ме по­среќ­ни, а не­кои мо­же­би са­мо по­бес­ни. Нај­ве­ро­јат­но нај­до­бро би би­ло да се осве­сти­ме, не­ма­ме мно­гу вре­ме пред да ис­чез­не­ме.