Активирај се | Создадено од вас |

Што значи да бидеш лидер?

feat-img

Лидер. Да бидеш најдобар меѓу најдобрите или прв меѓу првите? Но дали најдобрите секогаш се први или дали првите мора да се најдобри?

Да бидеш лидер пред сѐ значи да бидеш последен за да ги мотивираш другите да бидат први и да бидеш најдобар, но да им помогнеш на другите да станат подобри од тебе. Со еден збор лидерот треба да биде човек. Како да го препознаеш лидерот, дали тој е роден таков или средината во која пораснал го направила лидер?

Но првите работи прво. Сметам дека за да бидеш лидер ти си оној кој треба да создаде визија и да пронајде начин да ја оствари. Јас, на пример, ако се прашам која сум покрај другите и како можам да успеам во овој свет би одговорила дека се двојам од сите други бидејќи имам моја зацртана визија. Се двојам, бидејќи се трудам и поразлична сум, бидејќи на мој начин само јас можам да ги согледам сите оние недостатоци во модерното време како што се омразата, озборувањата, непријателството. Тоа е она што ме прави да се чувствувам особено и што ме турка напред да се издигнам над сите.

Но не треба да бидеш само лидер, туку и човек со морал. Како таков ќе имаш и поддршка, а со тоа ќе добиеш и верност.

Денес, во едно модерно и динамично општество, сметам дека самата средина на некој начин придонесува да бидеш лидер, бидејќи никој друг не може да ги разбере работите што си ги преживеал. Затоа, никогаш не си премлад или престар да бидеш лидер и никогаш не треба да дозволиш некој друг да ти кажува и одредува дали си вистинскиот за нешто или не.

Ако веќе си одлучен дека патот по кој си тргнал е вистинскиот, пронајди се во најубавите можни работи кои ќе ти се случуваат и вади поука од неуспесите, биди подготвен за предизвици, од тмурното време направи ведро и натерај ги другите да ги истакнат своите недостатоци за да ги прифатиме со сите нивни совршености.

Драгана Василевска, четврта година во СЕПУГС „Васил Антевски-Дрен“, Скопје