Активирај се | Создадено од вас |

Стратификација во современото општество

feat-img

Султана Јовановска, IV-4,  СОУ,,Јане Сандански” – Струмица

Во градинка не беше праведно што дел од моите врсници правеа што сакаа, додека останатите мораа да ги  почитуваат правилата, истото се случуваше во основно, а сега и во средно. Но, што е тоа што ги тера некои ученици да уживаат повеќе права од другите, дали постои нееднаквост помеѓу нас?

Ова прашање ќе си го поставуваш се додека не дојдеш до сознание каква функција имат родителите на тие деца. Тоа се деца на директори, административци, лекари, професори, политичари и сл. Деца на кои воспитачките во градинка им посветуваат повеќе внимание отколку на обичните смртници, во основно им пишуваат одлични оценки без трошка знаење, а средно… Во средното е анархија, вистински хаос. Некои носат врска, а некои лептир машна, зависи каква функција имаат нивните родители, оценки добиваат без никаков проблем и без трошка знаење. Но, што со оние кои што со сопствен труд ја заработуваат оценката додека некои доаѓаат и без никаков труд добиваат супер оценки? А знаете што е најжално? Најжално е тоа што тие истите деца ќе завршат на приватен факултет или оние со лептир и на државен, и тие истите… Да, да тие истите! Кои немаат прочитано повеќе од две книги,  ќе водат фирми и ќе бидат директори, административци, лекари, професори и слично. Тие истите… Барем така е во нашата прекрасна држава.

Минута молк за таа поделба на класи и нееднаквост. Минута молк за нас обичните смртници. Минута молк! Еднакви сме само во една работа, начинот како се раѓаме и начинот како ќе заминеме од  овој свет.