Активирај се | Создадено од вас |

Тивкото губење на една стара навика

feat-img

Дамјан Алексовски, IV-5, СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ – Куманово

Зошто спортот и спортските активности полека се бришат од нашите дневни планови и нашите листи на желби?
Да, сите ние, со чест на исклучоците, сите ние млади, прави, здрави во развој, со целата наша младешка сила. Зошто е полесно да најдеме друштво за во нашата локална кафеана или за во паркот во близина, за да пивнеме некоја флашичка евтино вино отколку да најдеме партнер за трчање или екипа за 5 на 5 во сала?

Зошто закржлавените раце на младо момче и девојче не се користат за нешто друго, освен за телефоните и нежно подигање на шољичката со кафе? Каде е она ривалство помеѓу младите средношколци под обрачите или пријателскиот поздрав после дуелите на часовите по спорт?

Не, сепак е тоа час којшто треба да се одработи, со редовното потпирање на радијаторите во школските сали. Вистинска мака е мачното пресоблекување и истегнувањата кои „овој дебилов“ од професор не тера да ги правиме. А да,професорите. Толку е тешко да се даде подршка и совет на оние таленти кои ги има во секое средно училиште. Да му даде до знаење „Да, ти можеш и треба да се обидеш“. Да се всади елементарна физичка култура која секој од нас младите треба да ја има.

Зар не почувствуваме потреба да го истрошиме тој наплив на енергија со пријателите, соучениците и роднините со пријателски разговор за време на  трчање на локалните патеки, во натпревар клас против клас во школските сали во разните спортови, во многубројните курсеви за пилатес, јога и слично. Можеби грешам, исправете ме…