d

The Point Newsletter

Sed ut perspiciatis unde omnis iste natus error.

Follow Point

Begin typing your search above and press return to search. Press Esc to cancel.
fotogra

Фотографија

{module 103}

  Фотографија

 КОМПОЗИЦИЈА – смислено распоредување и составување на елементите што ги фотографираме за фотографијата да изгледа соодветно и да се постигне ефект.

„ЧИТАЊЕ“ НА ФОТОГРАФИЈАТА – Гледачот го насочува вниманието најнапред на главната содржина на фотографијата, потоа погледот го „лизга“ и ги истражува споредните    елементи на фотографијата, за повторно да го врати вниманието на основниот објект.

 fotogra

Ние ги „читаме“ фотографиите на ист начин на којшто читаме текст, од лево кон десно. Во вертикална насока ја читаме фотографијата од долу нагоре.

ПРАВИЛО НА ТРЕТИНИ. Почетниците често пати имаат тенденција објектот на фотографирање да го постават во средината на кадарот. Меѓутоа, така се добива фотографија која има големи празнини од страните и од горната страна на кадарот, а центарот на интерес е изгубен во празнината на просторот.

 foto

За да се постават соодветно елементите на фотографијата во адекватна композициска целина се препорачува да се примени т.н. правило на третини. Кадарот што го гледаме на фотоапаратот го делиме на три дела, по хоризонтала и вертикала, при што го сместуваме центарот на интерес во некоја од пресечените точки.

КОНТУРИТЕ помагаат на фотографијата да се препознае (идентификува) предметот што се фотографира. Тоа е еден од најважните елементи на фотографијата и е првото нешто што го препознаваме.

Пример за контури на цвет:

fotomoto

НАПОЛНИ ЈА ФОТОГРАФИЈАТА. Главниот предмет на фотографијата треба да се постави во преден план во споредба со останатите елементи. Со тоа се постигнува длабочина на фотографијата. При тоа избегнувај „лепење“. Сцената што се фотографира е секогаш тридимензионална, но фотографијата е дводимензионална. На пример, ако се фотографира човек зад кого има дрво, треба да се внимава да не ги залепиме главниот објект и позадината, па на фотографијата тоа да изгледа како на човекот да му растат гранки од главата.

Пример:

pikacu

На оваа фотографија девојката и овцата се во преден план, а останатите овци во позадината ја даваат длабочината на фотографијата.

ПЕРСПЕКТИВА

                Нормална                                Жабја                                    Птичја

oko1zabjaptic

ИДЕАЛНО СВЕТЛО

 1o121poinh

Длабинска острина – Директно насоченото светло се карактеризира со острината, а до израз доаѓаат контурите и острите сенки

12223 

  10 совети за фотографирање

1

1. Внимавај на позадината

Позадината со својата содржина не треба да го одвлекува вниманието од објектот на фотографирањето. Едноставна и ненаметлива позадина го истакнува објектот.

2

2. Приближи се

Колку сте поблиску до предметот на фотографирање, толку фотографијата е подобра. Фотографијата треба да ја исполниш со јасен и интересен мотив. Приближувањето ја елиминира непосакуваната позадина којашто го одвлекува вниманието на предметот што се фотографира. Многу едноставни фотоапарати не можат да снимаат на далечина помала од 1,2 до 1,5 метар (една должина на раката).

3

3. Објектот не мора секогаш да е во средин

Нема ништо лошо во тоа ако човекот кој го снимаш е во средината на фотографијата. Сепак пробај понекогаш да го поставиш на една страна од кадарот. Со тоа ќе постигнеш динамична композиција што за окото е поинтересна.

4

4. Фати и дел од околината

Кога фотографираш оддалечени објекти, вклучи ги во фотографијата и предметите кои се блиску. Тие на фотографијата ќе и дадат длабочина и перспектива.

5

5. Биди „незабележлив“

Кога фотографираш луѓе, настојувај тие да се спонтани и да се занимаваат со своите нормални секојдневни активности. Тогаш нема да обрнуваат внимание на тебе и на фотографијата ќе се почувствува спонтаноста. Кога се зафатени со некоја работа, и нивните изрази ќе бидат природни и опуштени.

6

6. Добро анализирај ја светлината

Светлината е заслужна за фотографијата да изгледа опипливо, пластично, колористички привлечна за тој што ја гледа. Запомни дека силната сончева светлина не е секогаш најдобра за фотографирање. Сонцето покриено со тенки облаци или облачното време дава најдобро осветлување за фотографирање.  

711

7. Без „ампутации“

Една од најчестите грешки е „одсечување“ на нечија глава или друг витален дел од телото. Тоа вообичаено се случува кога си концентриран на нешто друго во кадарот и не внимаваш на субјектот во позадина.

8

8. Држи го фотоапаратот цврсто и мирно

Мирното држење на фотоапаратот е дефиниција за остра фотографија. Притисни го копчето полека и нежно, бидејќи и најмалото помрднување на фотоапаратот може да е причина за неостра фотографија.

9  

9. Силен / слаб блиц на фотографијата

Блицот што е вграден во фотоапаратот не е корисен само навечер и во затворена просторија. Користи го и приквечер и на силно сонце за да ги ублажиш острите сенки. Најчесто објектот ќе биде правилно осветлен на растојание од 1,5 до 4,5 метри. Примерите покажуваат што се случува кога се фотографира на растојание поголемо или помало од потребното.

9

10. Фотоапаратот да е секогаш при рака

Сите овие совети нема да ти помогнат ако фотоапаратот си го оставил дома. Спонтаните моменти се непроценливи фото-спомени.

Како да дојдеш до фотоприказна?

  • Се бараат локации од градот кадешто луѓето се постојано надвор на улиците, како на пример старите делови од градовите. Движи се низ маала низ кои ретко се движиш.
  • Се внимава на календарот за да не се пропуштат настаните кои се интересни за фотографирање (струмичкиот и маскенбалот во Вевчани, Св. Трифун во Кавадарци, Галичка свадба, Ден на пролетта, прв училишен ден, парада, протест и сл.).
  • Не пропуштај добар пејсаж.
  • Распрашувај се за луѓе кои продаваат интересни нешта, се занимаваат со несекојдневни хобија, спортови или опасни професии.
  • Барајте мотиви коишто ќе се вклопат во некој збор. На пример, за „љубов“ барај субјекти кои ќе се вклопат во тоа.

ПРАВИЛО НА ОСУМ ФОТОГРАФИИ

Осумте типови на фотографии формираат фото-приказна.

Воведна фотографија или општа фотографија. Вообичаено широкоаголна фотографија за да се воспостави сцената.

 Средна фотографија. Фокус на една активност од групата.

Детаљ. Се фокусира само на еден елемент, како рацете на соговорникот или детаљ од зграда.

Портрет. Драматичен крупен план на соговорникот или негова фотографија со околината.

Интеракција. Луѓе кои работат или разговараат.

Решителен момент. Ја сублимира ситуацијата со сите клучни елементи за приказната во една фотографија.

Секвенца. Фотографија која го покажува текот на настанот и кажува што било, како е. Оваа фотографија и дава на приказната чувство на акција.

Клинчер. Фотографија која ја завршува приказната.

ЛЕГЕНДА НА ФОТОГРАФИЈАТА

Покрај фразата „фотографијата вреди илјада зборови“, сепак потребен е краток текст што ја појаснува содржината на фотографијата, ги содржи најосновните податоци за личноста или настанот на фотографијата. Легендата треба да е јасна и да не е подолга од 5 редови. 

Пример:

Венецуелскиот војник си игра со кучето скитник, по завршената обука за кучиња – скитници, спроведена од Кралската тајландска армија. Кучињата скитници во будистичкиот Тајланд се ловат и се тренираат како кучиња душкачи за барање дрога и експлозив во граничните области со Камбоџа и Мјанмар.

Бугарски граѓани во народна носија играат во оган во селото Булгари во југоисточна Бугарија. Играњето во оган е еден од најстарите пагански ритуали на Балканот и со векови бил цел на прогон, како од страна на христијанството, така и од страна на комунистите. Сепак овој танц ги преживеал милениумите.

Венецуелански полицајци се кријат зад штитовите во кордонот поставен за време на судирите со приврзаниците на претседателот Хуго Чавез во Каракас. Спротивствени на подобро воооружените криминалци, нивните куршуми, камења и пиротехника, полициските сили на Каракас се наоѓаат на одстрел и на уште еден непријател – Владата на претстедателот Хуго Чавез.