Јас новинар |

Видео

{module 103}

 

Видео

1. Кадар (слика) е основната единица за изразување со видео. Кога се снима едно видео, важно е да се снимаат многу кадри (слики). Секој кадар треба да се снима со различни планови: широки, средни и крупни. Еден кадар треба да трае до 15 секунди.

Пример за кадар:

{youtube}tdMCVjUEyN0{/youtube}

 

 

Пример на кадар во сите три планови:

{youtube}DobGaVomeUM{/youtube} {youtube}g0LQguxrpMA{/youtube} {youtube}tExmBhvK4Vc{/youtube}

 

2. Неколку кадри заедно сочинуваат секвенца. Секвенца е група од снимки што подетално прикажува еден објект, личност или појава.

Пример за секвенца:

{youtube}BCM7cn9tlRY{/youtube}

 

3. За да се претстави една акција или целина, требаат најмалку две секвенци. Гради ја приказната преку збир од секвенци.

Пример за акција, збир на секвенци:

{youtube}yMcIHH05HQc{/youtube}

 

4. Снимај движења, во тоа е предноста на видеото. Снимај додека не заврши движењето. Акцијата не треба да се прекинува. Снимај ја така како што навистина се одвива, не скокај делови од неа. Тоа не е природно и ќе биде чудно за гледачите. Снимката треба да трае доволно долго за гледачот да сфати што се случува.

Пример за правилно снимање на движење:

{youtube}gTAf9-uXMtE{/youtube}
 

Пример за погрешно снимано движење:

{youtube}IcVbxoeM3Mw{/youtube}
 

 

5. Снимај статични кадри. Избегнувај неприродни движења како што се зумовите (од поширок кон покрупен план; од покрупен кон поширок план) и швенковите (шетање на камерата лево-десно).

Пример за статични кадри:

{youtube}ruIMNe5_Adc{/youtube}
 

Пример за погрешен зум-одзум:

{youtube}KzFuMzSLh9I{/youtube}
 

Пример за погрешен швенк:

{youtube}zVYfzlRgsnY{/youtube}

 

6. Деталите се многу важни. Го оплеменуваат видеото и детално го доловуваат случувањето или однесувањето на луѓето. На пример, за загаденост на воздухот снимате ауспух од возило или кај растревожен човек снимате како му треперат рацете и усните или насолзените очи.

Пример за детали:

{youtube}CRw0-mC5Y6Q{/youtube}

 

7. Размислувај за контра планови. Покажи што се случува од другата страна. Внимавај двата соседни кадри да се снимени од различни агли. На пример, ако на првиот кадар еден човек зборува, на вториот кадар се покажува луѓето како слушаат. Но, публиката не треба да е свртена од истата страна како говорникот, па да изгледа како да слушаат некој друг, а не човекот што зборува.

Пример за правилен контра план:

{youtube}uf-hzNziWFQ{/youtube}
 

Пример за погрешен контра план:

{youtube}bi3uGKoxLn0{/youtube}

 

8. Снимај ги природните (атмосферските) звуци. Атмосферскиот тон ја нагласува реалноста и автентичноста и го зголемува кај гледачот чувството дека учествува во настанот. Природниот звук ја доловува вистинската атмосфера и им овозможува на гледачите самите да ги искусат настанот и местото. На пример, свирење на ветер, полициска сирена, викотници на деца и друго.

Пример за видео со природни звуци:

{youtube}YrmKgpa3qm8{/youtube}
 

 

Како изгледа истото видео без атмосферски тон:

{youtube}yAXd4dYMc3s{/youtube}

 

 

Прилог е телевизиска форма која вклучува:

•    снимки  – слика,
•    природен (атмосферски) тон – придружен тон што оди во заднината на прилогот,
•    тонски парчиња – изјави на соговорниците во прилогот,
•    офф-тон – текстот што го чита новинарот, и
•    стенд ап – кога репортерот се појавува во прилогот и кажува дел од информацијата.

1. За ТВ прилог најважни се снимките (сликата). Уште пред да почнеш да снимаш, размисли и барај ги најважните и најдобрите снимки од настанот. ЗАПОМНИ: Гледачите паметат 70% од сликата, а 30% од текстот! Затоа, колку повеќе и колку подобро камерата е вклучена во раскажувањето на приказната, толку подобра ќе биде приказната.

Погледни како снимките ја раскажуваат приказната:

{youtube}o_vxXlU1MH4{/youtube} {youtube}TF3mcFc9bBE{/youtube} {youtube}KxjxkgNlLIg{/youtube}

 

2. Не го заборавај природниот (атмосферскиот) тон. Користи моќен атмосферски тон за да ги доловиш и нагласиш реалноста и автентичноста на настанот и за да го зголемиш кај гледачот чувството на „припадност во настанот“.

Забележи како атмосферскиот тон ги оплеменува видеата:

{youtube}FUwXueP9tA4{/youtube} {youtube}dZO4c_o02Fo{/youtube}

 

Истите видео парчиња без атмосферскиот тон се штури, неприродни и погрешни:

{youtube}dIvpATOhu5U{/youtube} {youtube}dc8M9EqGRkc{/youtube}

 

3. Кажи ја приказната преку луѓе и нивните изјави (тонски парчиња). Вклучете централен карактер, сведоци, анкета, експерти… Нивните мислења, чувства и ставови даваат живост. Гледачите се поистоветуваат со луѓето што ги гледаат, а тоа ја „продава“ приказната. Тонските прачиња треба да се куси и да траат најмногу до 15 секунди.

Пример за ТВ прилози во кои приказната се раскажува преку луѓе:

{youtube}mKy1TF12s5g{/youtube} {youtube}7W2ayF39a8c{/youtube}

 

4. Пишувај според снимките и тонските прачиња. Зборовите се клучни за раскажувањето, но премногу зборови можат да ја задушат приказната. Затоа комбинирај ги со сликите и гласовите. Пред да почнеш да пишуваш, внимателно разгледај ги и избери ги снимките и тонските парчиња што ќе ги употребиш и направи попис со нивниот редослед. Потоа почни да пишуваш според пописот на снимките. Речениците треба да го следат и да се поистоветуваат со тоа што се прикажува на снимките.

Погледнете како речениците ги следат снимките:

{youtube}rUFMSzJDVms{/youtube} {youtube}4scs86DBHpw{/youtube}

 

Пописот на снимките и тонските парчиња ќе ти помогнат и при монтажата. Однапред ќе знаеш како да ги подредиш и потоа само врз нив ќе го измонтираш офф тонот (прочитаниот текст).

5. Офф тон. Не е важно само што ќе кажеме, туку и како ќе го кажеме тоа! Не глуми пред микрофонот. Се бара едноставен израз. Тонот на гласот прилагоди го на настанот. На пример, читај ведро, ако правиш прилог за забава, но не и ако раскажуваш приказна за човек со тежок социјален проблем. Вежбај претходно – прочитај го текстот на глас неколку пати. Почитувај ги стандардите на литературниот јазик. Не читај на дијалект, внимавај на акцентот, не употребувај сленг и жаргони. Обиди се да имаш јасна дикција – тоа се постигнува со јасен изговор на самогласките.

Погледни како гласот на репортерот е прилагоден на настанот:

{youtube}eXen89B-gaA{/youtube}

 

6. Стенд-ап. Тоа е составен дел од прилогот и тоа што ќе го кажете во стенд-ап треба да се надоврзува на текстот и изјавите на прилогот. Пожелно е да се даде во средината на прилогот. Треба да му следи на тоа пред него и да му претходи на тоа по него. Трае најмногу до 15 секунди. Се снима за да се покаже дека си на местото на настанот. Гледачот мора да знае, препознае, претпостави каде си, а ако не може, кажи му. Биди природен и не глуми додека го снимаш. Најдобро е приказната да ја ограничиш само на еден стенд-ап. Запомни дека добрите прилози не би требало да почнуваат и да завршуваат со стенд-ап!

Примери за стенд ап:

{youtube}U_HmU4hiR0c{/youtube} {youtube}XwtR6vEE7Dw{/youtube} {youtube}dCsQoDlSM2Y{/youtube}

 

ВАЖНО:

Во телевизијата, почетокот на приказната е половина завршена работа. Затоа прво мисли на почетната снимка. Почни силно, по можност со најдобрата снимка или звук. Првите неколку реченици од приказната се исто така многу важни. Тие треба да кажат за што станува збор и да го уловат гледачот.

Пример за впечатлив почеток на ТВ прилог:

{youtube}h-nYzZybk3c{/youtube}

 

Локализирај ја приказната. Не е целта да направиш прилог за целата пошта, туку за едно писмо. На пример, покажи дека поштенските пратки доцнат преку конкретен пример и искуството на еден човек. Со ситуацијата ќе се поистоветат сите луѓе на кои им се случило истото и така ќе ја отсликаш ефективноста на целата компанија „Македонски пошти“.

Пример за ТВ прилог со локализирана приказна:

{youtube}qZTyey86rW8{/youtube}

 

 

1. Во менито „Start“, во „Programs“, најди го „Windows Movie Maker“.

 

2. Откако ќе го префрлиш видеото во твојот компјутер,

во делот „Capture Video“ ќе го отвориш со кликнување на „Import video“.

 

3. Пронајди го видеото во компјутерот кадешто си го снимил и кликни „Insert“.

4. Видеото ќе се покаже во мало прозорче. На долното мени на програмата кликни на „Show timeline“.

 

5. Со влечење видеото постави го во лентата „Video“.

6. Постави го курсерот помеѓу клиповите и со влечење исечи го потребниот дел

7. За да отвориш аудио фајл, во делот „Capture Video“ кликни на „Import audio or music“.

8. Пронајди го аудио фајлот во компјутерот кадешто си го снимил и кликни „Insert“.

9. Со влечење постави го во лентата за аудио, „Audio/Music“

10. Постави го курсерот на почетокот (крајот) на лентата од аудио фајлот

и со влечење исечи го потребниот дел

11. За да го снимиш готовиот производ кликни на „File“, и потоа „Save Movie File“