Активирај се | Создадено од вас |

На струмичките природни убавини им треба статус „строго заштитени зони”

feat-img

На 24.06.2018 – Советот на Општина Струмица донесе одлука за изградба на пристапна пешачка патека до Габровски водопади.

 

Со пристапот што го добија луѓето до Габровските водопади повеќе и штетат на околината отколку што придонесуваат за неа.

 

Беласица, планината каде што жителите на селата го напасуваат својот добиток по долината на реките за време на летните месеци, сега стана музеј на отпадот.

 

Главната цел на „Зоната строга заштита” е да се заштити еколошката интеграција на еко-системите и да се исклучи експлоатацијата на природни ресурси. Според Државниот завод за статистика во Истично планскиот регион, кој ја вклучува и Струмица и околината има има околу 100 диви депонии.

 

Нема податоци за бројот на посетители на Мокринските извори. Но, постојано има сведоштва за загадување со бучава и загадување со светлина.

 

„Хигиената е огледало на нашата душа”

 

Моноспитовско блато страда од отпадните води од Струмица и околината. На ова заштитено подрачје недостасува активно управување за зачувување на овој простор, едукативни активности. Се уште има надеж, доколку реагираме брзо! #НеИгнорирај #Реагирај

 

Калина Трајкоска, СУГС „Орце Николов“, Скопје
Берат Ахметај, СЕТУ „Михајло Пупин“, Скопје