Активирај се | Создадено од вас |

Не загадувајте ги заштитените подрачја!

feat-img

Во нашата земја постојат 86 заштитени природни подрачја. Заштитата не е случајна – пред се зачува нивната природност и да се одржат еко-системите.

 

На овие места секојдневно доѓаат голем број посетители за да се одморат и да уживаат во богатството што го нуди природата.

 

Но освен што уживаат тие и ја уништуваат природата, докажувајќи го ниското ниво на еколошка свест. Фрлаат отпадоци за кои требаат стотици години за да се разградат разградат.

 

Палењето оган е нешто со кое може да се предизвика уништување на овие заштитени подрачја и голем број пожари, уништувајќи ги нашите производители на кислород.

 

До местата за одмор, често постојат корпи за отпадоци. Но луѓето често ги фрлаат отпадоците надвор од нив.

 

Луѓето кои доаѓаат да ги посетат често не се свесни дека на овие подрачја постои простор во кој не смеат да се движат. Несвесно ја нарушуваат природноста и ритамот на живиот свет.

 

Сара Николова, СОУ „Кочо Рацин“, Велес
Симона Спанџова, СОУ „Добри Даскалов“, Кавадарци