Активирај се |

Медиумски камп 2018

feat-img

Зошто организираме средношколски камп?

Една од основните компоненти на медиумската писменост е умешноста на граѓаните да ги користат медиумите за да промовираат свои интереси или барање во општеството. Како високобразовна институција, Високата школа за новинарство и односи со јавноста, освен преку неформалната новинарска едукација што ја промовира преку весникот Медиум и медиумските лаборатории во средните училишта во земјава, втор пат го организира во летниот средношколски камп за медиумска писменост.

Целта на овие кампови е учениците преку интензивна работа на терен, да се стекнат со базични знаења и вештини за продуцирање медиумски содржини и да ги осознаат основните стандарди на новинарската професија. Адаптирајќи ги наставните програми за ТВ новинарство, Основи на новинарство, Фотографија, графика и дизајн, Етика во новинарството и др. предмети, Високата школа креира неколкудневна програма за медиусмка писменост и новинарство наменета за средношколци. Програмата изобилува со интензивна практична работа на терен со поддршка на искусните предавачи на Школата.

Камп за медиумска писменост 2018

Последниот камп за медиумска писменост Високата школа го организираше заедно со Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип и дневниот весник „Нова Македонија“ во Штип од 11-14 јуни 2018.Последниот камп за медиумска писменост Високата школа го организираше заедно со Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип и дневниот весник „Нова Македонија“ во Штип од 11-14 јуни 2018.

На кампот учествуваа 30 ученици од цела Македонија. Дел од учесниците, учеството на кампот го „заслужија“ преку конкурсот за најдобар медиумски производ Изрази се преку медиумите, а дел преку активниот ангажман како дел од редакцијата на весникот „Медиум“.

Учениците правеа видео прилози, ТВ емисија и фото приказни во кои се анализираа локални проблеми и теми за младите и нивниот однос кон новите медиуми.

 

Гледајте ја емисијата „Прозорец“, продуцирана за време на кампот

 

Видете ги фото сториите


Бриони- огледало на нашата негрижа

Велосипедистите протерани од Штип

И штипјани мигрираат

Како преживуваат станарите на штипската Зоолошка градина

Обновете ги парковите, порачуваат најмладите штипјани

Штипјани бараат велосипедска патека

Рекоа за кампот


Да се наречеш медиумски писмен

Кампот за медиумска писменост – од интерес до знаење

Кратка, но незаборавна школа за новинарство

Доживотно искуство на кампот за медиумска писменост во Штип

Можност да се научи повеќе за новинарството

Нови искуства и незаборавна дружба на медиумскиот камп во Штип

Практични знаења што можам да ги применувам секојдневно

Од другата страна на камерата