Активирај се | Создадено од вас |

Да не се шири говор на омраза

feat-img

Дали сите навивачките групи се радикални? Навивачката група „Паткари“ овој стереотип го побива преку уличната уметност со цртање графити. Група млади луѓе се спојуваат за да испратат порака за соживот, против радикализација и да докажат дека меѓуетничките односи меѓу младите можат да се негуваат без разлика на политичките влијанија.

 

Марија Милеска и Славица Јовческа преку видеото ни прикажуваат мала акција која прави големи промени и ги повикуваат младите да бидат дел од слични активности.

Видеото е изработено како завршна задача на мастер часовите за медиуми и новинарство, организирани од Институтот за комуникациски студии и ИРЕКС во рамките на проектот на УСАИД за медиумска писменост „Младите размислуваат“.