Активирај се | Создадено од вас |

Кнежје – село кое изумира, а имало живот во античко време

feat-img

Светиниколското село Кнежје, некогаш било во подножјето на престолнината на Пајонците, се поврзува со средновековието, а денес брои околу 60 жители. Половина од куќите се реновирани зашто селото е место за бегство во мир и природа, но сепак млади луѓе речиси и да нема. Иако е најблиску до градот, во Кнежје нема училиште, амбуланта, селска продавница, па ниту патоказ кој води до него. Видео репортажата е на Лаура Стојанова и Благојчо Костадинов.

 

Видеото е изработено како завршна задача на мастер часовите за медиуми и новинарство, организирани од Институтот за комуникациски студии и ИРЕКС во рамките на проектот на УСАИД за медиумска писменост „Младите размислуваат“.