feat-img

Во Тетово постоел извонреден културен ноќен живот со многу активни и плодни рап артисти кои продуцирале своја музика почнувајќи од тинејџерски години, во несоодветни услови и без современи уреди. Според нивните кажувања, слободното време генерално го минувале во пишување текстови, разговори за музика и размена на идеи.

Денес е тоа изменето. Младите се чини како да не се бават со креирање музика ниту знаат што се случувало претходно, зашто речиси и да не постои документирано видео или текст на оваа тема. Исклучок се аудио песни и видеа од настапи што може да се најдат на Јутјуб.

Со еден од оние кои доследно останале да ја негуваат музичката рап сцена во Тетово и од чие искуство може да се научи, разговараше Ангела Бошковска.

 

Видеото е изработено како завршна задача на мастер часовите за медиуми и новинарство, организирани од Институтот за комуникациски студии и ИРЕКС во рамките на проектот на УСАИД за медиумска писменост „Младите размислуваат“.