d

The Point Newsletter

Sed ut perspiciatis unde omnis iste natus error.

Follow Point

Begin typing your search above and press return to search. Press Esc to cancel.

Пречките во развојот не ја спречуваат желбата на Анил да биде диџеј

17-годишниот Анил од Дебар има пречки во менталниот развој, но тоа не ја спречува неговата голема желба да биде диџеј. Иако во нашето општество луѓето со попреченост често не се прифатени и на нив се гледа со предрасуди, случајот со Анил е сосема поинаков. Во неговиот роден град Дебар тој е добредојден од сите и често го покануваат да пушта музика во кафе-баровите. Видео приказната за Анил ја направија Дорина Ајдини и Шќипе Бајрами.

Видеото е изработено како завршна задача на мастер часовите за медиуми и новинарство, организирани од Институтот за комуникациски студии и ИРЕКС во рамките на проектот на УСАИД за медиумска писменост „Младите размислуваат“.