d

The Point Newsletter

Sed ut perspiciatis unde omnis iste natus error.

Follow Point

Begin typing your search above and press return to search. Press Esc to cancel.

Медиумски ден 2017

Високата школа за новинарство и за односи со јавноста в среда, 6 декември го организира третиот Медиумски ден, при што повеќе печатени, електронски и онлајн медиуми од Скопје, Битола и Куманово ќе бидат домаќини на ученици од повеќе средни училишта од цела Македонија. Идејата на овој настан е публиката, а особено младите, да се запознаат со улогата на медиумите во општеството, начинот на функционирање на една редакција, како и со основните новинарски професионални стандарди.

Оваа година домаќини ќе бидат следните медиуми: дневниот весник Нова Македонија, Јавниот сервис МРТ1, ТВ 21 од Скопје, Тера ТВ од Битола, ТВ Плус од Куманово, новинската агенција Макфакс и Радио МОФ. Медиумите-домаќини кои се приклучија на иницијативата ќе известуваат за посетите на средношколците.

Ова е трет Медиумски ден што го организира Високата школа. Минатата и оваа година, овој настан се спроведува во рамките на проектот „Медиумска писменост во ера на наплив на информации: Коалиција за медиумска писменост“ што Високата школа го реализира во партнерство со Институтот за различности во медиумите и весникот „Нова Македонија“, со поддршка на Европската Унија.