На медиумските кампови средношколците преку интензивна работа на терен се стекнуваат со основни знаења и вештини за продуцирање медиумски содржини. На изминатите медиумски кампови средношколците учеа еко-новинарство, ТВ новинарство, фотографирање, снимање и монтирање на видеа, а правеа фотостории, видео прилози и ТВ емисија.
Медиумски камп 2019
Во трите дена, 20-мината ученици од училишта од цела Македонија учеа за еко-новинарството и известувањето за животната средина. Струмичкиот регион е богат со природни богатства и заштитени подрачја. Водопадите во Смолари, Габрово и Колешино, Мокринските извори и Моноспитовското блато се идеални за теренска работа не само за биолозите, туку и за новинарите кои известуваат за заштитата на животната средина.
Медиумски камп 2018
Една од основните компоненти на медиумската писменост е умешноста на граѓаните да ги користат медиумите за да промовираат свои интереси или барање во општеството. Како високобразовна институција, Високата школа за новинарство и односи со јавноста, освен преку неформалната новинарска едукација што ја промовира преку весникот Медиум и медиумските лаборатории во средните училишта во земјава, втор пат го организира во летниот средношколски камп за медиумска писменост.