d

The Point Newsletter

Sed ut perspiciatis unde omnis iste natus error.

Follow Point

Begin typing your search above and press return to search. Press Esc to cancel.

Девета медиумска лабораторија во Кратово

Во средното училиште „Митко Пенџуклиски“ во Кратово се одржа медиумска работилница организирана од Високата школа за новинарство и односи со јавноста и весникот „Нова Македонија“. Шеесетина ученици од сите четри години активно партиципираа во работилницата којашто во основа го имаше подигањето на медиумската писменост на младите и запознавање со основните новинарски начела.

Александра Теменугова од Високата школа со интерактивна дебата со учениците зборуваше за содржината и методите на правење на новинарските вести, извештаи, коментари… Се вежбаше и пишување вести, наслови, поднаслови… читање на истите а во текот на целата работилница учениците со свои примери ги искажаа своите афинитети кон новинарската професија.

Уредникот од весникот „Нова Македонија“ Жарко Василевски во своето илсагање се осврна на практичната работа на новинарите, предностите и потешкотиите со кои се стекнува еден новинар во работата.

Овој настан се организира во рамките на проектот „Коалиција за медиумска писменост“, при што Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и дневниот весник „Нова Македонија“ секој месец ги посетуваат училиштата низ Македонија, држејќи предавања за новинарство и за медиуми, а реализацијата е овозможена со поддршка на Европската Унија.