Активирај се |

Медиумска лабораторија со кумановските средношколци

feat-img

„Како да знаеме кога новинарите се обидуваат да манипулираат?“, „Колку е просечната плата на новинарите во Македонија?“, „Што може да сториме ако некој недозволено објави фотографија или видео без наша дозвола?“ Сите овие прашања ги дискутиравме со ученици од втора, трета и четврта година во СОУ „Перо Наков„ – Куманово на медиумската лабораторија што по 11-ти пат ја организираат Висока школа за новинарство и за односи со јавноста и Нова Македонија.

Ваквите интерактивни предавања со средношколци низ цела Македонија се дел од проектот #КоалицијаЗаМедиумскаПисменост и средношколскиот весник „Медиум“.
Повеќе фотографии од медиумската лабораторија има тука