d

The Point Newsletter

Sed ut perspiciatis unde omnis iste natus error.

Follow Point

Begin typing your search above and press return to search. Press Esc to cancel.

Прва медиумска лабораторија во гимназијата во Гевгелија

Гимназијата „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија беше домаќин на првата медиумска лабораторија што ја организираат Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и дневниот весник „Нова Македонија“. Учениците дискутираа на тема „Медиумите како алатка за глас на младите или средство за забава и едукација?“, поттикнати од излагањата на Жарко Василевски, новинар во „Нова Македонија“ и Дарко Малиновски, активист и член на Студентскиот пленум и Томе Аврамов, професор по македонски јазик.

Средношколците ги интересираше каков процесот на креирање вести во еден дневен весник и како новинарите знаат и проверуваат дали информациите се вистинити, како политичките партии прават притисок врз медиумите, зошто новинарите не го применуваат стандардниот македонски јазик… Поттикнати од излагањето на Дарко Малиновски кој го пренесе искуството на Студентскиот пленум за инвентивна употреба на медиумите за промоција на нивните барања во 2014 и 2015 година против предлог Законот за високо образование, учениците дискутираа како и дали можат да ги артикулираат своите интереси.

Овој настан на Школата и на „Нова Македонија“ е дел од проектот „Македонска коалиција за медиумска писменост“, кој во меѓу другите активности, во следните три години ќе работи на промоција на медиумската писменост кај средношколците. Освен печатење на месечниот весник „Медиум“, Школата и „Нова Македонија“ во следните три години ќе организираат 15 дебати или работилници во различни училишта низ Македонија.

Проектот е финансиран од Европската унија.