24 Вести: Коалиција за медиумска писменост
Македонија и официјално доби коалиција за медиумска писменост во која членуваат поголем број на медиуми кои преку разни проекти ќе и помогнат на јавноста да препознае говор на омраза, разни облици на дискриминација но самите граѓани да дадат критички осврт на нештата.
Меѓу членките на коалицијата е и тв 24 вести која преку прилози во своите информативни изданија како и до сега така и натаму ќе информира за разни теми кои ги засегаат секако граѓаните. меѓу нив се и говорот на омраза, заштита на личните податоци, нарушување на правото на приватност, јавниот интерес наспроти интересот на публиката како и заштита и безбедност на децата малолетници на интернет.
Веста е превземена од 24vesti.mk