Медиумски објави |

Нова Македонија: Средношколци од Охрид дел од проeктот „Македонска коалиција за медиумска писменост“

feat-img

И оваа учебна година продолжија работилниците во средните училишта на тема „Како се пишуваат новински вести?“ организирани од Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и дневниот весник „Нова Македонија“.

Во вторникот четириесетина средношколци од СОУ „Климент Охридски“ – Охрид учеа и вежбаа новинарство што е во рамки на проектот „Македонска коалиција за медиумска писменост“, поддржан од Европската Унија.

mk koalicija mediumska pismenost3Како се пишуваат новинарски вести? Како знаат новинарите дека информациите што ги добиваат се вистинити? Како можат учениците да ги користат медиумите за да ги промовираат своите интереси и барања во јавноста?

Ова се некои од прашањата на средношколците на кои одговараа Дејан Андонов, од Висока школа за новинарство и за односи со јавноста и Жарко Василевски, уредник во дневниот весник „Нова Македонија“. Целта на проектот е унапредување на медиумската писменост во училиштата.

Веста е превземена од novamakedonija.com.mk