Макфакс: Коалицијата за медиумска писменост ќе ја унапредува писменоста во медиумите
Коалицијата за медиумска писменост ќе биде основана во петок во ЕУ Инфо-центарот во Скопје.
На настанот ќе се промовираат првите членови на Коалицијата, односно осумте граѓански организации кои ќе добијат грантови во висина од 5.000 евра за активности со кои ќе јa унапредуваат медиумската писменост во земјата. Наградените грантисти заедно со своите медиумски партнери ќе ги претстават своите предлози за општествени промени што треба да ги реализираат во текот на 2017-та и 2018-та година. Високата школа и нејзините партнери ги избраа осумте граѓански организации на јавен повик на кој се јавија 38 апликанти.
За поуспешна реализација на избраните иницијативи, Високата школа и лондонскиот Институт ќе ги обучуваат претставниците на медиумите и на граѓанските организации за основните концепти на медиумската писменост со цел новостекнатото знаење да им користи во реализација на нивните предлози.
Целта на оваа Коалиција за медиумска писменост е да ги поттикне граѓанските организации да ги едуцираат граѓаните да ги употребуваат медиумите како алатка за артикулирање на своите интереси и активно учество во јавната сфера. Таа обврска ја делат со медиумите и затоа се неизбежен дел од оваа нова платформа.
Во наредниот период Високата школа заедно со своите партнери ќе ги покани и другите граѓански организации и институции чија надлежност е во доменот на медиумската писменост да се приклучат кон оваа неформална платформа.
Веста е превземена од makfax.com.mk

Оваа веб-страница е изработена во рамките на проектот „Употреба на новинарство засновано на факти за подигање на свеста и спротивставување на дезинформациите во медиумскиот простор во Северна Македонија (Користи факти)“, кој се реализира од Институтот за комуникациски студии. Проектот е финансиран од Владата на Обединетото Кралство, со поддршка на Британската амбасада во Скопје. Мислењата и ставовите наведени на оваа веб-страница не ги одразуваат секогаш мислењата и ставовите на Британската Влада.