Нова Македонија: Медиумската писменост во Македонија: во или надвор од образованието
Високата школа за новинарство и за односи со јавноста, во партнерство со Институтот за различности од Лондон и дневниот весник „Нова Македонија“, ја организира конференцијата „Медиумската писменост во Македонија: во или надвор од образованието“. На конференцијата се дискутираше дали и колку е присутна медиумската писменост во нашиот образовен систем во однос на неодамна усвоената Сеопфатна стратегија за образованието 2018-2025 и тековните реформи на Министерството за образование и наука.
На настанот се презентираа иницијативите на осумте граѓански организации и осумте медиумски партнери во рамките на Коалицијата за медиумска писменост, која во 2016-тата ја основа Високата школа. Нивните заеднички активности беа поддржани со грантови од Европската Унија, за да ја унапредат медиумската писменост во земјата. Во изминатите осум месеци, преку овие иницијативи, се продуцираа различни медиумски содржини креирани од и за маргинализираните групи граѓани. Исто така имаше едукативни активности за младите да можат критички да ги перципираат вестите и да умеат да ги препознаваат професионалните новинарски стандарди.

Оваа веб-страница е изработена во рамките на проектот „Употреба на новинарство засновано на факти за подигање на свеста и спротивставување на дезинформациите во медиумскиот простор во Северна Македонија (Користи факти)“, кој се реализира од Институтот за комуникациски студии. Проектот е финансиран од Владата на Обединетото Кралство, со поддршка на Британската амбасада во Скопје. Мислењата и ставовите наведени на оваа веб-страница не ги одразуваат секогаш мислењата и ставовите на Британската Влада.