Медиумски објави |

Нова Македонија: Работилница за новинарство во гимназијата „Никола Карев“

feat-img

Педесетина ученици од средното училиште „Никола Карев“ во Скопје учеа како се прави весник и како се пишуваат вести. Предавањето за основите на новинарството го реализираа предавачи на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и новинари во дневниот весник „Нова Македонија“.

На неколкучасовната работилница учениците се запознаа со тајните на новинарството, како работи една редакција, како се прават содржините во медиумите и кои се професионалните стандарди што треба да ги почитуваат новинарите. На интерактивната работилница учениците вежбаа пишување вести, кои потоа ги презентираа пред присутните учесници.

rabotilnica za novinarstvo3Средношколците учеа и за тоа како да станат медиумски писмени граѓани и колку е важно тоа за едно здраво демократско општество. Овој настан се организира во рамките на проектот
„Коалиција за медиумска писменост“, при што Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и дневниот весник „Нова Македонија“ секој месец ги посетуваат училиштата низ Македонија, држејќи предавања за новинарство и за медиуми, а реализацијата е овозможена со поддршка на Европската Унија.

Ж.В.

Веста е преземена од novamakedonija.com.mk