Нова Македонија: Средношколците од Куманово учествуваа во медиумска лабораторија
Во средното училиште „Перо Наков“ во Куманово се одржа медиумска лабораторија што ја организираше Високата школа за новинарство и односи со јавноста во соработка со весникот „Нова Македонија“. Триесетина ученици што учествуваа во лабораторијата практично вежбаа новинарско пишување, даваа изјави за локалната телевизија и учеа за новинарските професионални стандарди.
Исто така од страна на претставниците на Високата школа и од дневниот весник беше укажано на опасностите што демнат кога е во прашање вистинитото јавно информирање наспроти лажните вести, пропагандата и манипулирањето со вестите.
Ваквите интерактивни средношколски работилници за новинарство се дел од проектот „Коалиција за медиумска писменост“ што го реализираат школата и „Медиа диверсити институт “ од Лондон. Овој тригодишен проект го финансира Европската Унија.
Ж.В.