Низ ходниците |

Понуди еколошко решение и освој 10.000 долари

Во тек е конкурсот на УНДП, Шварцарската амбасада и на УСАИД за предлози за иновативни проекти за борба против климатските промени и јакнење на урбаната отпорност. Граѓаните со своите креативни решенија треба да помогнат во справувањето со загадувањето во градската животна средина, со оглед на неизбежниот факт за промена на климатски промени кои носат поплави и екстремни временски појави. Награди од 10.000 долари.

Најиновативната идеја ќе биде наградена со грант од 10.000 американски долари, од кои 1.000 ќе бидат доделени како парична награда, додека 9,000 американски долари ќе бидат доделени на победникот во форма на придонеси за да се поддржи развојот на идејата во прототип на решение.
Право на учество имаат сите граѓани на Македонија, а крајниот рок за пријавување е 1 јуни 2016 година. www.odtebezavisi.mk