Активирај се | Создадено од вас |

Неговата апликација за лица со аутизам ја симнале над 10.000 луѓе

feat-img

Има само 15 години, а зад себе многубројни награди, освоени на балкански, европски и светски натпревари како информатичар и компјутерски програмер.

Со информатичката наука се занимава од петто одделение и за три години веќе има изработено над 16 апликации, достапни на “Гугл плеј стор”. На негови 11 години е препознаен неговиот талент, кога за прв пат почнува да добива награди, најпрво на државно ниво, а потоа и надвор од границите. Младиот Даријан Шекеров од годинава е средношколец во прва година во ,,International High School” во Скопје, а негова најпозната бесплатна апликација е “Сликозбор”, преземена над 10.000 пати, а наменета за лицата со аутизам, за полесно да комуницираат со своите herojot od mojata ulica darijan 330x200најблиски. За апликацијата “Слико збор”, лани, ја освои светската награда ,,World Summit Youth Award” во категорија „Борба против болести и глад“ и во конкуренција од 300 земји и неколку илјади претприемачи со проекти од цел свет. светот. -Слични апликации постојат, но на странски јазици. Јас направив на македонски. Апликацијата се развиваше и добиваше повеќе содржина и поддршка од дефектолози, од родители на деца со аутизам и стануваше попозната и поголема. Апликацијата зборува место нив, лицата само одбираат слика, која покажува некое дејство или предмет. Има разни активности, намети или желби кои може да се искажат преку апликацијата-, раскажа Даријан.

herojot od mojata ulica darijan5 330x200Апликацијата има позитивен одзив кај корисниците, а Даријан е горд на тоа и на големата награда, која е и афирмација на Македонија. Неговите почетоци со информатиката започнале пред три години, кога почнал да учи програмирање преку интернет, а потоа и да посетува курсеви. Тогаш почнал и да се натпреварува, но и да развива веб апликации и страници. Владее 8 програмски јазици, а зборува англиски и германски јазик. Друга негова позната апликација, преку која децата од претшколска возраст може да ја учат македонската азбука и зборови, е „Шарена азбука“. Таа е еден вид надополнување на ,,Слико збор”, објасни тој. Даријан, својата иднина ја гледа во информатичките науки, а рече и дека ќе продолжи да изработува апликации со кои ќе им го олеснува секојдневието на луѓето.