Градот Скопје ќе стипендира 100 најуспешни ученици-спортисти
За мотивација на средношколците, Градот Скопје, годинава, ќе додели стипендии на 100 најуспешни спортисти – средношколци кои учат во средните училишта на територијата на Скопје. Наградниот фонд кој е предвиден за стипендии на ученици и ученички изнесува 3 милиони денари, поточно по 3.000 денари во текот на осум месеци до крајот на 2018 година.
Како поддршка за средношколскиот спорт, паралелно со реконструкција на училишните објекти, ќе се обноват и спортските сали.
Како и секоја година, најдобрите екипи од средните училишта и годинава ќе имаат можност за спортска дружба со нивните врсници од странство.