Низ ходниците |

Промовирана Стратегијата за образование 2018-2025

feat-img

Министерството за образование и наука (МОН) на 21 април ја промовираше Сеопфатната стратегија за образование за 2018-2015 година што Владата ја усвои во јануари заедно со Акцискиот план. „Кога тргнавме да го заокружиме овој документ, имавме голема визија пред нас – да ги утврдиме правците на образованието за поттикнување и овозможување личен развој на активни и мотивирани граѓани кои ќе можат да придонесат за развојот и напредокот на заедничкото општество. Ги лоциравме клучните предизвици на македонскиот образовен систем, почнувајќи од градинките и училиштата се до универзитетите и поставивме достижни цели за промена.“ – рече министерката во заминување, Рената Десковска.

Креирањето на овој документ финансиски го поддржа Европската Унија, а целиот процес беше во соработка со клучните институции и граѓанскиот сектор. Промоцијата се одржа во скопската гимназија „Орце Николов“.

Стефан Митиќ, ученик во гимназијата „Орце Николов“ – Скопје