Активирај се | Создадено од вас |

Балони за толеранција

feat-img

Биди толерантен!, Сакај ги сите!, Имај соживот! беа дел од пораките испишани на балоните со кои средношколците од „Орде Чопела“ испратија јасни пораки против говорот на омраза во центарот на Прилеп. Тие испуштаа бели балони со позитивни изјави и црвени балони со негативни изрази.

-Изведбата е граѓански одговор на говорот на омраза во услови кога сите имаме право на избор да го искажеме своето мислење. Нашата акција, симболично, преку избирање бел балон со порака на толеранција ги поттикна граѓаните да размислуваат и да испраќаат позитивни пораки, вели педагогот Тереза Златеска Трајкоска, која заедно со професорката Јасмина Петреска беа иницијатори и организатори на настанот.

Целта беше да се укаже на потребата од толеранција, соживот и меѓусебно почитување кон сите луѓе без разлика на професијата, возраста, националноста и етничката припадност.

Елизабета Пирганоска, професор по македонски јазик и литература
во СОУ „Орде Чопела“, Прилеп