d

The Point Newsletter

Sed ut perspiciatis unde omnis iste natus error.

Follow Point

Begin typing your search above and press return to search. Press Esc to cancel.
HEROJOT OD MOJATA ULICA Luka 0f1

Без цртањето животот би ми бил црно-бел

Матурант кој во изминативе три години во средношколските клупи на неговите соученици оставил впечаток на скромно момче, но оние кои го запознале подобро за него ќе кажат дека тој има извонреден талент за цртање.

HEROJOT OD MOJATA ULICA Luka 10fЛука Ивановски е ученик во скопската гимназија „Орце Николов“, кој кога не е на час или не учи – црта! За љубовта кон уметноста кратко и гласно ќе каже дека цртањето го исполнува, а без него животот би му бил црно-бел.

Со цртање се занимава уште од мал, па тука некаде се пронаоѓа и одговорот на прашањето зошто неговите први цртежи, всушност, се инспирирани од ликовите од цртаните филмови што секојдневно ги гледал.

По сликањето уметници се префрлил на правење карикатури, а сега се усовршува во цртањето портрети. Ниту некој му помагал, ниту посетувал приватни часови каде што би ја негувал оваа уметност. Тој е самоук талент, а инспирацијата за неговите дела, вели, ја наоѓа во секојдневниот живот.

Лука Ивановски досега не учествувал и не се претставил на некоја изложба, но цврсто верува дека еден ден ќе си го оствари својот сон, односно оти ќе има сопствена галерија во којашто на јавноста ќе може да ѝ ги претстави своите дела.

HEROJOT OD MOJATA ULICA Luka 05fНегова пасија се и јазиците, за кои смета дека претставуваат богатство на планетата Земја. Првичниот план му бил токму во оваа насока. Планирал по завршувањето на средното образование, високото да го продолжи студирајќи јазици. Сепак, вели, сфатил дека неговото срце ѝ дава предност на уметноста, па многу е веројатно дека студиите ќе ги насочи во оваа област.

По годините посветени на усовршувањето разни техники и правци на цртање, на средношколецот најголем впечаток му оставиле анимираните филмови. Нивното создавање, според него, ќе му биде предизвик и во иднина, па затоа планира максимално да се посвети на тоа.
Покрај отворањето сопствена галерија, негова желба и надеж е еден ден неговите креации да бидат прикажани и во филмската индустрија.

Автор: Сара Николовска, четврта година во СУГС „Орце Николов“, Скопје