Активирај се | Создадено од вас |

Без сеопфатна туристичка понуда бродовите во Охрид ќе останат на суво

feat-img

Ернан, Даница и Шенол излегоа на терен со идеја да направат приказна за рибарите, но рибари не најдоа. Па затоа како вистински новинари побараа инспирација во она што го најдоа во близина на охридското шеталиште – бродовите. Со какви предизвици се соочува езерскиот сообраќај во Охрид надвор од сезона дознајте од нивното видео.

Видеото беше изработено на Кампот за медиумска писменост што го организираше Институтот за комуникациски студии во рамки на проектот „Користи факти“.

Автори на видеото: Даница Сретковска до СОМУ „Гостивар“, Шенол Фејзоски и Ернан Мифтароски од СОУ „28 Ноември“ Дебар.