Низ ходниците |

Биди репортер на „Медиум“

feat-img

Покажи ги твоите медиумски вештини и критички способности. Испрати ни информации, фотографии, аматерски видеа или стрипови кои ќе ги објавиме на веб страницата и во весникот на „Медиум“. За ноемврискиот број на весникот, испратете ги информациите до 12-ти ноември на [email protected].

Можете да станете дел од редакцијата на „Медиум“ со тоа што ќе пишувате за различни активности во училиштето, спортски натпревари, театарски изведби, како и есеи на теми кои ги засегаат средношколците. Веб страницата и печатеното издание кое излегува како подлисток на „Нова Македонија“ се одлична можност и за твоја промоција.

Рубриките за кои можете да испратите информации, фотографии или видеа се следниве:

– „Низ ходниците“ – вести со фотографии за редовни училишни активности
– Каде бевме? – можност за интересна промоција на училиштето на половина страница со текст до 30 редови и повеќе солидни фотографии
– „Јас мислам вака“ – есеј до 30 редови на теми по твој избор
– „Херојот од мојата улица“ – текст/приказна за средношколец (до 30 редови) со интересно хоби, талент, спортски, волонтерски или хуманитарни активности, невообичаен стил на живот и сл. со повеќе фотографии; и
– „Ние испрашуваме“ – текст/приказна за професор (до 30 редови) со интересно хоби, талент, спортски, волонтерски или хуманитарни активности, невообичаен стил на живот и сл. со повеќе фотографии;

Информациите може да ги изработиш сам или заедно со учениците и професорите од твоето училиште.