Низ ходниците |

„Биди зелен“ регрутира нови екологисти

feat-img

На почетокот од третата година од своето постоење Клубот „Биди Зелен“ од скопската гимназија „Никола Карев“ веќе започна со регрутација на нови членови. „Биди Зелен“ е младинска еколошка организација која спроведува активности на теми поврзани со обновливите извори на енергија, индустриското загадување и отпадот.

Клубот организира и едукативни презентации во училиштата, работилници со рециклирачки материјали, филмски вечери, флеш моб, изработка на видеа и присуство на кампови.

Организацијата моментално брои три клуба, и тоа во средните училишта „Никола Карев“, „Орце Николов“ и „Раде Јовчевски Корчагин“ од Скопје, а во процес на добивање статус на постоење на „Биди Зелен Клуб“ се и средните училишта „Јосип Броз Тито“ од Скопје, „Мирче Ацев“ од Прилеп и „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија.