Активирај се | Создадено од вас |

Битолски соученички издадоа заедничка двојазична книга

feat-img

На 4-ти мај двете соученички од прва година во битолската гимназија „Јосип Броз Тито“ Бесјона Јусуфи и Ангела Пандовска во Центарот за култура ја промовираа заедничката книга „Различни, а сепак исти“. Книгата е двојазична – на македонски и на албански јазик.  Промотор, а воедно и рецензент беше професорката по Македонски јазик и литература, Соња Живковиќ-Ѓоргиевска, која истакна дека ова е по многу нешта специфична книга: двете девојки сакаат да припаѓаат на модерното време, без предрасуди, дело во кое има позитивни чувства, а читателот може да ја вкуси приказната за двата различни карактери кои сепак имаат нешто заедничко … љубовта.

Обете имаат објавени дела: Бесјона лани ја промовираше збирката поезија и проза „Стиховите ме потсетуваат“, а Ангела е автор на книгата „Животот на една девојка“.

Марта Миловановска, I-година во СОУ „Ј. Б. Тито“ – Битола