Активирај се | Создадено од вас |

Час по приватност во „Јосип Броз Тито“

feat-img

Колкав број од учениците добиваат, а колку од нив испраќаат провокативни фотографии на социјалните мрежи? Колку имаат креирано лажни профили и со која цел? Колкав е процентот на родители кои се информирани и загрижени? Што велат тие, а што учениците?

Одговорите на овие и други прашања на учениците од скопската гимназија „Јосип Броз Тито“ им ги дадоа заменик народниот правобранител Васка Бајрамовска –Мустафа, директорот на Дирекцијата за заштита на личните податоци Димитар Ѓеоргиевски и директорката на училиштето Татјана Стојанова Дуева. Целта на проектот е подигање на јавната свест и едукација на учениците, професорите и наставниците за заштита на личните податоци.