d

The Point Newsletter

Sed ut perspiciatis unde omnis iste natus error.

Follow Point

Begin typing your search above and press return to search. Press Esc to cancel.
arseni-jovkov

Четврта традиционална претстава на „Арсени Јовков“

Скопското економско и правно училишпте „Арсени Јовков“ ја одржа четвртата традиционална претстава „Твориме, создаваме и зборуваме на македонски јазик“ на 12-ти декември во Драмскиот театар.

 

Преку соодветни драматизации, во програмата беа опфатени повеќе сегменти од употребата на јазикот во македонската поезија, музиката, народната литература, практиката и во секојдневната комуникација. На сцената беше претставена драмската претстава „Итар Пејо, селаните и инвеститорот“, по текст и режија на професорката Розита Закева, се читаа народни мудрости, се пееја народни песни и се читаа антологиските „Т’га за југ“ и „Тешкото“.  Настанот се организираше под мотото „Традицијата, фолклорот и обичаите – наше културно наследство“.