Низ ходниците |

„Зоотехна 2015“ со нови искуства за средношколците

feat-img

Средношколци од скопското ветеринарно училиште „Браќа Миладиновци“го посетија Меѓународниот саем за сточарство и живинарство „Зоотехна 2015“ што се одржа во јануари во Солун, Грција.

На деветиот по ред саем, средношколците се запознаа со новите технологии кои се применуваат во земјоделството, посебно во сточарството, како и со нови раси на животни, препарати за заштита на растенија, машини и други услуги со кои се олеснува работата на фармерите. „Зоотехна“ е единствената специјализирана саемска изложба која се однесува на одгледување животни и производство на месо во Грција и на Балканот.

Јована Насева III3 и Анета Поп-Николова III3, СУГС „Браќа Миладиновци“