Активирај се | Создадено од вас |

Дали се доволни казните за несовесните возачи?

feat-img

Воопшто не им е досадно на припадниците на полицијата за викендите. Само минатите петок и сабота на територијата на Скопје изречени се вкупно 167 казни. Меѓу нив, 12 за возење повеќе од дозволената брзина, 13 возење под дејство на алкохол, 14 за возење без возачка дозвола, 6 санкции за непрописно престројување на возилата, 7 за користење мобилен телефон при возење, 6 мерки за минување на црвено светло, 6 за вградени неатестирани фолии – затемнети стакла…

И кога мислиме дека со толку казнување се дека  ситуацијатата почнува да се става под контрола пристигнуваат најнови вести од Велес:  11 годишно девојче усмртено на пешачки премин пред очите на своите родители. Очевидци изјавуваат дека глетката била страотна и дека веднаш истрчале да им пружат помош при што била повиката и итната медицинска помош која пристигнала еспресно брзо и им пружала помош на повредените лица кадешто на девојчето му била константирана смрт. Мајката се здобила со повреди на главата и подколеницата, додека таткото бил психички растревожен. Брзата реакција на МВР успеале да го најдат возилото, а се трага и по возачот.

Впечатокот на јавноста е дека всушност не можеме да бидете мирни и спокојни во областа на безбедноста.. И покрај фактот дека ние ги почитуваме правилата односно минуваме на пешачки премин, на зелено светло на семафор, шетаме  по тротоар, минуваме улица на подвозник или надвозник ние пак не можеме да бидеме 100% сигурни.

Меѓународните експерти ангажирани од Светска банка за проект со Министерството за транспорт и врски минатиот месец на работилница ги посочија најчестите причини зошто се плашиме секојпат кога треба да се премине улица или зошто родителите нетрпеливо нѐ очекуваат да се вратиме од излегувањата со пријателите. Според нив водечки причини за сообраќајните несреќи и за жртвите се:

  1. брзо возење
  2. непочитување на правило на предност
  3. непридржување до страна и насока на движење
  4. погрешно вртење
  5. возење под дејство на алкохол

Несовесните возачи им всадија премногу страв на граѓаните за својот живот и животот на нивните деца, внуци, познаници итн…Исто негативно мислење на оваа тема држат и младите кои самото движење по улица ги плаши. По секојдневните вести за сообраќајни незгоди и по безбројните одземени животи, се прашуваме дали ќе им дојде свеста за да почнат да се однесуваат како што треба или треба некој нивни близок за се соочи со истото па дури тогаш да си ја сфатат грешката? Ќе бидат ли соодветно казнети несовесните возачи?

Би било добро да се спроведуваат повеќе едукативни настани за безбедноста во сообраќајот, а исто така и повеќе контроли од страна на МВР за да не се будиме секое сабајле со некоја лоша вест од сообраќајна незгода.

БИДЕТЕ УМНИ УЧЕСНИЦИ ВО СООБРАЌАЈОТ, НЕКОЈ ВЕ САКА И МИСЛИ!

 

Автори: Божидар Марковски и Елеонора Иванова, средношколци во АСУЦ “Боро Петрушевски”