Активирај се | Создадено од вас |

Дебатниот клуб во Куманово како поле за размена на ставови

feat-img

Учениците од гимназија “Гоце Делчев” започнаа со јавни дебати на најразлични теми. Иницијатор е професорот по социологија Зоран Петрушевски, а дебатниот клуб го формираа матурантите од гимназија “Гоце Делчев” од Куманово. Дебатите се организираат два пати месечно, на теми кои најмногу ги засегаат младите.

Првата дебата се оддржа на 23 февруари годинава, на тема: “Иселување на младите од Р.Македонија”. Како најчести причини за иселувањето, средношколците ги наведоа економските причини, но и потрагата по квалитетно образование, пред се високо. Ставовите сепак беа поделени. Додека одреден дел од учениците го оправдуваа иселувањето, други сметаа дека младите луѓе не треба да се откажат од татковината, и дека треба самите да придонесат кон подобрување на актуелната состојба. Втората беше “Гимназиско образование во Македонија”. Големо внимание се посвети и на непрофесионализмот кој честопати се јавува во образованието, кој потоа резултира со непрофесионализам на многу работни места.