Низ ходниците |

Денови на електротехниката во „Михајло Пупин”

feat-img

И додека секојдневно во медиумските гласила течат информации за потребата од стручни кадри од областа на електротехниката, Средното електротехничко училиште на Град Скопје „Михајло Пупин” успеа на едно место да собере 198 осмоодделенци од Скопје. Ова е трет пат како се организира овој натпревар по електротехника.

Овие млади вљубеници во физиката од 21 до 23 мај се натпреваруваа и другаруваа со своите домаќини во училиштето и на прошетката во хидро-централата „Матка“.

Доживејте ја атмосферата од овие три дена во СЕТУГС „ Михајло Пупин” низ галеријата за која се погрижи новинарската секција на  училиштето.