d

The Point Newsletter

Sed ut perspiciatis unde omnis iste natus error.

Follow Point

Begin typing your search above and press return to search. Press Esc to cancel.
amanet

Документарен филм и „Аманет“ од битолското економски училиште

Членовите на Младинската организација при битолското економско училиште „Јане Сандански“ изготвија документарен филм по повод 91 година постоење на училиштето. Изминатото полугодие тие првпат го издадоа и училишниот весник „Аманет“.

Младинската организација брои 32 членови, а главна цел е поттикнување на младински активизам, креирање на вон-наставни активности и вклучување на младите во процесот на донесување на одлуките кои ги засегаат токму нив. Членовите постојано организираат јавни настани во кои се вклучени ученици од сите години, а некои од нив се и со хуманитарен карактер. Средствата кои беа собрани од последните работилници и забави беа донирани на битолскиот Завод за  рехабилитација на деца со оштетен слух, како и на други соученици и граѓани кои имаат потреба од хуманитарна помош.

Покрај активностите на Младинската организација, во училиштето „Јане Сандански“ активно функционираат и литературната, драмската, новинарската и ликовната секција, како и институцијата Дете правобранител чија цел е да ги заштитува правата на учениците.

Мартин Николовски, ученик во СОЕУ „Јане Сандански“ – Битола