Дружба со мобилен во рака, а разговор на Фејсбук
Секој втор млад човек дневно го користи мобилниот повеќе од десет пати. За многу од нив роденденот не е роденден ако не објават фотографии од него на Фејсбук. Експертите предупредуваат оти зависноста од Интернет, видеоигрите, мобилните телефони и другите уреди негативно влијае врз концентрацијата, сонот, здравјето, социјализацијата кај младите. На овие теми деновиве дискутираа десетици наши средношколци, родители и професори.