Активирај се | Создадено од вас |

Еден ден би сакал да работам за компанијата на Елон Маск

feat-img

Пане Панов е 17-годишен средношколец од СОУ,,Свети Кирил и Методиј“-Неготино, кој поседува огромен талент за природно-математичките науки. Својот талент веќе го докажал преку многу награди . Сега е трета година, билингвална паралелка, природно-математичката насока. Открива дека има сестра близначка, а освен што од мали нозе негува љубов кон физиката и математиката, го сака и францускиот јазик.

МЕДИУМ: Кои се твоите достигнувања на натпревари по математика и физика, од кога бележиш успеси?

ПАНОВ: Натпреварите се мое секојдневие од десетата година, а резултатите постојано ги воодушевуваа моите најблиски. Ги има повеќе. Во основното училиште учествував на повеќе училишни и регионални натпревари. Првата награда која навистина ми значеше беше бронзениот медал на „Македонска математичка олимпијада“. Потоа освоив втора награда на државните натпревари по математика и физика, како и неколку пофалници.

Eden den bi sakal da rabotam vo kompanijata na Elon Musk 2 330x440МЕДИУМ: Твоите успеси продолжија и во средното училиште. Кажи ни нешто повеќе за периодот од прва до трета година?

ПАНОВ: Во прва година освоив трето место, а потоа првото место на државниот натпревар по физика. Во втора и трета година учествував на настанот познат како „Месец на науката“ каде има борба на знаењата од областа на физика, математика, биологија, географија и хемија. Таму стасав до првото место, а оваа година ја освоив третата награда. Во математиката добив пофалница на државниот натпревар.

МЕДИУМ: Сигурно е тешко да се запомнат толку многу награди. Кој беше твојот ментор сите овие години и кои се твоите планови за иднината?

ПАНОВ: За успесите благодарен сум на мојата, сега веќе покојна професорка Марика Ѓорѓиева. Во однос на иднината, сонувам еден ден да бидам дел од „Space X“ – компанијата која е во сопственост на мојот омилен научник Елон Маск, посветена на истражување на вселената.

МЕДИУМ: Кои се твоите слободни активности ? Кој е твојот омилен филм кој би ни го препорачал?

ПАНОВ: Читам стрипови и уживам со гитарата. Сам научив да свирам. Често играм и кошарка со моите пријатели, а поддршка и пријател секако ми е и мојата сестра. Без сомневање би го препорачал филмот „Тhe dark night“, но и серијата „The Leftovers“.

МЕДИУМ: Соучениците те опишуваат како верен и искрен пријател кој знае да сослуша и помогне. Но, дали постојат негативни карактеристики кои ги пронаоѓаш сам кај себе?

ПАНОВ: Хаха, секако. Обожувам да зборувам иронично, а тоа понекогаш им пречи на другите , не ја сфаќаат мојата вистинска мисла. Овде би ги ставил и ретките прошетки,сакам да пешачам , но постојано имам некои свои изговори.

Тијана Атанасовска, СОУ „Свети Кирил и Методиј“ – Неготино