Електричарите од „Михајло Пупин“ добија современа училница
![feat-img](https://cdn.medium.edu.mk/wp-content/uploads/2018/02/elektricarite-od-mihajlo-pupin-dobija-sovremena-ucilnica-1.jpg)
Средното електротехничко училиште на Град Скопје „ Михајло Пупин “ доби современо опремена училница за потребите на специјалната ЕВН – паралелка, како дел од проектот „20/20/20”.
Идејата е резултат на раководниот тим на училиштето и ЕВН Македонија, каде учениците ќе се обучуваат под менторство на професионалци. Следењето на принципите на таканареченото дуално стручно образование кое е успешна приказна во Австрија, Германија и во Швајцарија, се очекува да вроди со вработување на ученици во компанијата по завршување на стручното образование. Досега се вработени 20 ученици, што е мотив повеќе за сегашните генерации своите вештини да ги насочуваат за потребите на пазарот на трудот.