Активирај се | Создадено од вас |

Електротехниката го заинтересира и претседателот Иванов

feat-img

Вештините на средношколецот Александар Соколчевски од скопското електротехничко училиште „Михајло Пупин“ го привлекоа вниманието на македонскиот претседателот Ѓорге Иванов на манифестацијата Светски ден на науката за мир и развој.

На изложбата на проекти од млади истражувачи, Александар го прикажа својот труд „Оптички индикатор на звучен сигнал со ву метар со предпрецизен насочувач и бескраен лед тунел“. Претседателот Иванов се заинтересира што претставуваат сите сијалички на инсталацијата, а средношколецот имаше можност да му објасни на кој принцип лед диодите во колото светкаат по варијација на звучен сигнал и како е тоа изработено. Проектот e реализиран под менторство на професорот Наташа Божиновска, а Александар вели дека има уште идеи за кои се надева дека ќе има можности да ги реализира во училиштето.

Манифестацијата Светски ден на науката за мир и развој се одржа по трет пат во Народната канцеларија на Претседателот на Република Македонија.