Низ ходниците |

Филмска вечер и предавање за кодификацијата на македонскиот јазик

Околу 60-тина средношколци од скопското училиште „Јосип Брзо Тито“ го гледаа филмот ,,Игра на имитирање“ што беше проектиран во холот на училиштето.

Училишниот клуб „Биди зелен“ првпат ја организираше филмската вечер, а влезницата се наплатуваше на необичен начин – со една празна батерија или празно пластично шише. Во клубот на читателите на гимназијата, пак, се одржа средба со професорката Лилјана Гушевска од Институтот за национална историја на која учениците ги проширија своите знаења за историјатот и кодификацијата на македонскиот јазик. Средношколците дискутираа со професорката како да се зачува македонскиот јазик, како да се сака и негува македонската литература, како и за делата на браќата Миладиновци и Прличев, првиот македонски буквар на тајниот македонски комитет и за аманетот на Блаже Конески.